Мени
Актуелни Модели
Нови и Користени Возила
Акции
Услуги
Новости и Настани
За нас
Porsche Центар Скопје
718
911
Taycan
Panamera
Macan
Cayenne
Porsche Центар Скопје
911 Turbo модели
Иконата на спортските автомобили со мотор во задниот дел, 2+2 седишта и врвни перформанси.
Погон на сите тркала
Бензин
Седишта 2+2
Од 271,474.00 EUR со вклучени давачки
Конфигурирај 911 Turbo
(+389) 2 26 26 266
Насоки
Сервис
Тест возење
office@porsche.com.mk
911 Turbo
Изведби на моделот
911 Turbo S
Coupé верзијата на 911 ја олицетворува познатата Porsche ДНК во нејзината најчиста форма: долгиот, рамен преден капак на багажниот простор, остро накосеното ветробранско стакло. А кровната линија која нежно се спушта кон задниот дел веќе го карактеризира оригиналниот 911.
911 Turbo S Cabriolet
911 Turbo Cabriolet моделите ја соединуваат класичната силуета на 911 Turbo со можноста за уживање во непогрешливиот звук на турбо моторот, кој е уште поинтензивен кога покривот е отворен. Тие се опремени со целосно автоматски покрив од штоф. Има фиксирано задно стакло и три интегрални елементи од магнезиум кои покривот го прават многу робустен, а сепак лесен. Покривот се отвора или затвора за околу 12 секунди – до брзина од 50km/h – со опцијата механизмот да се ракува далечински.
Галерија
Истакнуваме
Врвни карактеристики
Burmester® High-End Surround музички систем.
Заедно со Burmester® – еден од светски најдобрите произведувачи на аудио уреди со премиум квалитет – го создадовме опционално достапниот Burmester® High-End Surround музички систем. Резултат: музички перформанс на највисоко ниво, индивидуално приспособен на вашето 911 Turbo преку низа тестови на звучна репродукција.
Porsche активна аеродинамика
Не може да го избегнете ветрот. Но, може да го насочите. Аеродинамичниот систем што е подобрен во споредба со претходната генерација, ги прави моделите 911 Turbo уште поаеродинамични во секоја ситуација. PAA овозможува оптимални перформанси, заедно со придобивки во однос на потрошувачката на гориво и емисиите на CO₂.
Porsche керамички композитни сопирачки (PCCB).
Накрсно продупчените керамички дискови на сопирачки PCCB имаат дијаметар од 420mm напред и 390mm назад: за уште подобра ефикасност при сопирањето. Тие се околу 50% полесни отколку дисковите на сопирачките од леано железо со сличен дизајн и големина. Резултат: намалување на неамортизираните маси и со тоа и подобра стабилност и зголемен комфор, особено на нерамни патишта, како и поголема агилност и дополнително подобрување на контролата.
Porsche Connect
Ве поврзува со вашето Porsche и го поврзува вашето Porsche со светот – Porsche Connect. Системот ги надополнува постоечките дигитални функции на вашиот 911 Turbo. Најдете го најдобриот начин да навигирате кон вашите дестинации, синхронизирајте ги личните контакти и адреси и пристапете до вашиот календар директно во PCM. Porsche Connect е вашиот паметен копилот за секојдневниот живот, овозможувајќи ви уникатно искуство со спортски автомобил. Пред, за време на, и по патувањето.
Профили на социјалните мрежи
Facebook
Youtube
Instagram
Linkedin Профил
Twitter
Pinterest