Разгорување на животната страст во една возачка авантура организирана од Порше Македонија и Porsche Center Skopje, претставува највозбудливата четиридневна тура на возење со ексклузивните модели на Porsche. Од раздвижените скопски улици до спокојните предели на Маврово и назад, овој ексклузивен настан создаде незаборавни моменти за ентузијастите на Porsche, новинарите, медиумите и ценетите членови на Porsche Club Macedonia.
Составен од четири возбудливи денови, овогодинешниот Porsche Road Tour
е луксузно автомобилско патување кое ја прикажува моќта, елеганцијата и
прецизноста на возилата на Porsche посетувајќи ги природните убавини на државата. Учесниците се впуштија
во извонредна авантура, возејќи низ живописните пејзажи, создавајќи нови врски
препуштајќи се на неспоредливото возачко искуство кое го нудат моделите на Porsche.
Турнејата започна во современиот Porsche Center Skopje,
локација која претставуваше стартна точка на неколкудневниот настан, каде 12
модели на Porsche
беа подготвени за создавање на авантури. Помеѓу моделите,
моќно се истакнува главниот ѕвер, 911 Turbo
S, исклучително забавните за возење 718 Boxter GTS и
718 Cayman Style
Edition, омилениот Macan
S, купеата со отворен кров 911 Carrera S Cabriolet и
911 Targa 4S,
идеалниот семеен автомобил Panamera
GTS Sport Turismo и 5 целосно електрични Taycan модели, во верзиите Taycan, Taycan Turbo, Taycan
Turbo Cross Turismo, Taycan 4S и Taycan
4S Cross Turismo, кои со полни батерии наполнети на најбрзите полначи во
Македонија лоцирани пред Porsche
салонот, со отворени врати ги пречекаа гостите. Оттука,
во конвој од 12 возила, започна турата кон Маврово и прекрасниот хотел Радика,
сместен во срцето на Националниот парк Маврово.
Секој ден од турнејата ветуваше нова, возбудлива
авантура, со разновидна палета на активности, живописни застанувања и
извонредни искуства.
Овој Porsche
Road Tour обедини истакната група на поединци, вклучувајќи ценети
клиенти, влијателни новинари, претставници на медиумите и посветени членови на
Porsche Club Macedonia. Ова е единствена можност за овие љубители на Porsche да
се поврзат, да ја споделат својата страст за прецизно инженерство и да создадат
трајни спомени.
По самото пристигнување на финалната локација во Хотел Радика, бренд менаџерот за Porsche во Македонија – Винко Марашевиќ, го претстави и новиот Porsche Cayenne пред посетителите, додека електричните модели на Taycan ги дополнуваа батериите на новите полначи на Porsche Destination Charging.
Г-дин Златко Муцунски, Генерален Менаџер на Порше
Македонија изјави: „Porsche
Road Tour е исклучителна можност за нас да ја прославиме нашата
љубов кон возилата на Porsche
и неспоредливите искуства што тие ги нудат. Возбудени сме што ги спојуваме
нашите клиенти, медиумски партнери и заедницата на Porsche Club Macedonia во
едно незаборавно патување“.
Г-дин Љупчо Грујовски, претседател на Porsche Club Macedonia: „Оваа турнеја е остварување на сонот за ентузијастите на Porsche како нас. Тоа е шанса да се поврземе со нашата заедничка страст за Porsche, да ја истражиме убавината на нашата земја и заедно да создадеме негувани спомени."