Карактеристики во TurboniteЕксклузивни акцентни детали се карактеристични за моделите Turbo. Облогите на страничните прозорци, логото на моделот на задниот дел и Porsche грбот на хаубата и капачињата на тркалата се сите контрастни во Turbonite. Подлогите на страниците на Taycan Turbo се исто така истакнати во Turbonite. Подлогите на долниот преден дел, задниот дифузор и страничните рабови кај моделите Turbo S се во карбон.SportDesign пакетиОпционално достапните SportDesign пакети од Porsche Exclusive Manufaktur ги нагласуваат динамичните контури на автомобилот. Тие вклучуваат уникатен долен преден дел, странични прагови и заден дифузор. Контрастната боја Turbonite е ексклузивна за моделите Turbo. Други опции за боја се Црна (сјајна) и Карбон.Porsche Electric Sport SoundГо претвора карактеристичниот дизајн на звукот на Porsche во сензорно искуство: Porsche Electric Sport Sound. Опционално достапниот систем емотивно го засилува звукот на возилото и надвор и внатре. Системот доаѓа стандардно во Taycan Turbo S и нуди специфичен звук кој повторно се истакнува.E-КомфорОнаму каде што традиционално доминираше механиката, E-Комфор го подобрува искуството во возењето: вратите со меко затворање нежно се затвораат автоматски. Страничните ретровизори се преклопуваат автоматски и ја осветлуваат околината во темница. А особено погодно е бесконтактното отворање и затворање на вратите за полнење од двете страни на возилото контролирано со гест.